Лошите спомени од пред пет години, кога Челси триумфираше на „Енфилд“ во клучен натпревар и не дозволи Ливерпул да стане шампион во Премиер лигата се минато. „Црвените“ со 2:0 го совладаа ривалот од западен Лондон за да се вратат на првото место во лигата со два поени предност пред Манчестер сити (кои имаат натпревар помалку).
По тесното прво полувреме, мечот се „отвори“ на почетокот на второто, кога прво Садио Мане во 51. минута го совлада Кепа Аризабалага, а потоа само две минути подоцна Мохамед Салах, кој беше многу критикуван за „отсуството“ на голови оваа сезона да постигне фантастичен гол за удвојување на водството.
И покрај ова, темпото на игра не падна, и Челси имаше свои шанси, најмногу преку Азар, но на крајот тоа беше доволно за голема победа за враќање на вербата дека по долга пауза, трофејот ќе пристигне во Ливерпул.
Фото: ЕПА