Работнички со 85:71 (22:17, 23:32, 20:10, 20:12) го совлада тимот на Блокотехна во финалето на Купот на Македонија за по десетти пат да ја освои титулата и да не дозволи новакот да стигне до првиот голем трофеј во историјата.

Клубот од Гевгелија одигра израмнето прво полувреме кое го заврши со предност (45:49), меѓутоа искуството на тимот на Марин Докузовски се покажа на стартот на второто полувреме, кога во третата четвртина ја вратија предноста и до крајот не дозволија кам-бек на противникот. Ова е 10-ти триумф на најтрофејниот македонски клуб во Купот, но прв од 2015 година.

Чавдар Костов имаше одлична партија со 25 поени, Караџовски додаде 18, а Чековски 15 поени за победничкиот тим, додека Кенет Фундербург имаше 24 поени за тимот од Гевгелија.

Во финалето во женска конкуренција, трета година во низа Вардар стигнува до титулата, откако со 50:40 го совлада тимот на Бадел 1862.