Јирген Клинсман повеќе не е тренер на Херта, објави клубот. Искусниот стратег во Херта се задржа само десет недели.
Поранешниот селектор на Германија и САД ја презеде Херта во ноември минатата година но не успеа да ги смени состојбите. Поради тоа решил да си поднесе оставка. Херта се наоѓа на 14 мести на табелата, а во минатото коло загубија на домашен терен од директниот конкурент Мајнц.
„Убеден сум дека Херта ќе ја оствари целта, дека ќе остане во Бундеслигата. Но мене како тренер ми е потребна довербата од сите во клубот. Во овој момент тоа не е случај. Поради тоа решив да поднесам оставка на тренерската функција, а се повлекувам и од управата на клубот“ , стои во оставката на Клинсман.