Top Sport

Клоп: Ајде кажете, има ли подобар од Салах?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека не постои никаква сомнеж дека Мохамед Салах е најдобриот фудбалер на светот откако блесна при 0:5 победата на гости кај Вотфорд во саботата.

Египќанецот имаше една асистенција до Садио Мане и прекрасен гол за да му ја „украде“ наградата за играч на мечот на Роберто Фирмино, кој имаше хет-трик. 29-годишниот Салах сега има 10 гола во 10 меча за Ливерпул оваа сезона и само на еден меч нема дадено гол и Клоп вели дека тоа го поставува повисоко од Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„Додавањето за првиот гол беше одлично, а голот беше навистина посебен. Тој е на врвот. Сите го гледаме тоа. Кој е подобар од него? Не мораме да зборуваме за тоа што направиле Меси и Роналдо и нивната доминација, но во моментов, тој е најдобриот фудбалер на светот“, вели Клоп.

Салах и „црвените“ му го расипаа враќањето на Раниери во Премиерлигата

Scroll to Top