Фудбалерите на Ливерпул и Челси вечерва на „Бешикташ парк“ стадионот во Истанбул ќе го одиграат Сиперкуп мечот на УЕФА. Вчера двата тима имаа тренинг на стадионот.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не се согласува со то дека Ливерпул е фаворит вечерва само затоа што тие победиле, а Челси загубил во првото коло од Премиерлигата.
„Искрено, не знаев дека сите очекуваат од нас да победиме. Ние не се замараме премногу со тоа што луѓето мислат. Го познаваме и респектираме челси, го видовме мечот против Манчестер Јунајтед и кога би суделе само врз основа на резултатот, многу би згрешиле затоа што Челси одигра многу добар меч. Имаат нов тренер, многу нови играчи и ова им е прва прилика да освојат трофеј“ – рече Клоп.
Германскиот стратег тврди дека еден меч не може да има пресудна улога за останатите мечеви кои следат.
„Не знам колкаво е влијанието на еден меч на сите останати во сезоната, но победувањето помага, секогаш има позитивно влијание. Освојувањето титула е она што од нас го очекуваат навивачите, Управата. Но овој меч нема никаква врска со нашиот вовед во Премиерлигата, победата против Норич е едно, а ова сосема друго“ – истакна Клоп.
И дефанзивецот Вирџил ван Дајк смета дека ова е важен дуел за нив.
„Подготвени сме и одвај го чекаме полетокот, сакаме да го освоиме тој трофеј и ќе дадеме се од себе на крајот од мечот да го подигнеме“ – смета дефанзивецот.