Top Sport

Клоп „еден ден“ би сакал да стане германски селектор

Јирген Клоп останува посветен на улогата во Ливерпул, но признава дека „еден ден“ би сакал да стане германски селектор.

Шпекулациите го поврзуваа Клоп со позицијата на селектор на Германија по катастрофалниот настап на „панцерите“ на СП во Русија, каде што испаднаа во натпреварите по групи. Меѓутоа, луѓето во Германската фудбалска федерација (ДФБ) реши да му верува на селекторот Јоаким Лев, а Клоп има договор со Ливерпул до 2022 година.

„Ако еден ден ме прашаат, а бидам достапен, секако дека би сакал. Но, во моментов, јас сум врзан со Ливерпул во следните четири години, а Германија има селектор. Засега не сум достапен“, вели Клоп во интервју за „Велт ам зонтаг“.

Засега, Клоп е посветен на носењето на првата титула за Ливерпул по 28 години пауза, откако потроши 177 милиони фунти на засилувања ова лето.

„Сѐ уште не сакам да трошам многу. Но, не можам да кажам дека нема да го правиме тоа, бидејќи главната задача е Ливерпул да биде што е можно посилен. Уште сме далеку од ривалите по потрошените пари, ако се гледа долгорочно“, додава Клоп.

Scroll to Top