Top Sport

Џејк Пол ќе боксува со братот на Тајсон Фјури

Јутјуб сензацијата, а во последно време и професионален боксер, Џејк Пол го потврди мечот со Томи Фјури, братот на ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури на 18 декември во Темпа Беј, Флорида.

Откако претходно ги победи ММА ветераните Бен Аскрен и Тајрон Вудли во боксерскиот ринг, Фјури ќе биде првиот професионален боксер со кој се соочил јутјуберот.

21-годишниот Фјури јуниор има 7-0 скор во преофсионалната кариера, со последна победа над Ентони Тејлор, и тоа како предмеч на дуелот на Пол со Вудли.

Scroll to Top