Јирген Клоп пред големото дерби со Манчестер сити, вели дека воопшто не е загрижен во падот на формата на Мохамед Салах.
Египќанецот лани „растураше“ за „црвените“, но оваа година головите се намалија, а фрустрацијата од формата стана видлива. Сепак, Германецот вели дека талентот уште е тука и дека и лани Салах станувал подобар со секој нареден натпревар.
„Очекувањата се променија и тоа е нормално бидејќи лани постави некои нови стандарди. Но, лани никој не очекуваше 10 гола по пет, шест или седум натпревари, така што тоа не изненади сите. Секој напаѓач би сакал да напише книга за моментите кога постигнуваат голови без да знаат како го направиле тоа. Но, тоа ретко се случува. Секогаш, 98 отсто од работата на напаѓачот е напорна работа и само два проценти лесни работи“, вели Клоп.
И покрај слабиот учинок на Салах, Ливерпул имаат блескав старт на сезоната во Премиер лигата, која помалку сопре минатата недела – тие извлекоа само бод против Челси, а загубија кај Наполи во Лигата на шампионите.