Јирген Клоп триумфално го крена трофејот од Лигата на шампионите, прекинувајќи ја низата од шест порази во финалиња, и конечно, замолчувајќи ги сите критичари кои сметаа дека неговиот „препород“ на „црвените“ е џабе без голем трофеј.
„Пресреќен сум за момците, за сите овие навивачи, за моето семејство. Дали некогаш сте виделе ваков тим досега? Да се бориш кога си веќе на резерва. Имавме голман кој направи тешките работи да изгледаат лесно. Вечерва ќе биде лудо. Ова можеби е најдобрата ноќ во мојот живот, професионално. Ова е многу важен трофеј за нас. Имаме сопственици кои никогаш не поставија притисок на нас, кои постојано не поддржуваа и ни велеа: ’Вие можете да го освоите ова’. Брилијантно“, изјави емоционалниот Клоп по мечот.
Запрашан како планира да ја прослави победата, Германецот очигледно најави бурна мадридска ноќ.
„Не знам. Обично кога ќе победиме, 20 минути по мечот веќе сум полу-пијан…“, се насмеа Клоп.