Top Sport

Клоп до новинар: Глупаво е твоето прашање, немам нерви за ова

Менаџерот на Ливерпул во заминување, Јирген Клоп, дополнително беше изнервиран од норвешки новинар во неделата вечерта по драматичната елиминација од Манчестер јунајтед во четвртфиналето на ФА Купот.

Германскиот стручњак прашањето на новинарот го окарактеризира како глупаво.

„Дали вашиот тим остана без енергија во судиското продолжение?“, веројатно алудирајќи на фактот дека Ливерпул прими гол во првата минута од судиското надополнување во второто продолжение.

„Тоа е малку глупаво прашање. Ако не следите почесто, можеби ќе не прашате друг пат, зошто воопшто имаме толку многу енергија? Не знам ни колку натпревари одигравме во последно време, а колку одигра Манчестер? Ова е спорт, многу сум разочаран од прашањето, иако мислевте дека е многу мудро“, одговори Клоп.

Сепак, новинарот не се откажа: „Значи, игравте премногу натпревари?

„О, немој да мислиш така. Ајде, очигледно не си во добра форма! Немам нерви и храброст да се позанимавам со тебе!“ стави точка на Клоп.

Од почетокот на 2024 година, Манчестер јунајтед одигра 12, а Ливерпул 18 натпревари.

Scroll to Top