Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се осврна и на трансферот на Ерлинг Халанд во редовите на Манчестер сити.
Германскиот стручњак изјави дека трансферот на Халанд во Манчестер сити ќе го доведе трансфер пазарот „на сосема ново ниво“ поради потрошената сума.
„Мислам дека веќе доволно се зборува за овој трансфер. Знам дека многу се зборува за пари, но овој трансфер ќе го подигнал пазарот на сосема ново ниво“, изјави Клоп за „Скај спорт“.
Британскиот печат така тврди дека поранешниот фудбалер на германска Борусија Дортмунд ги поминал лекарските прегледи и дека единствено останува Сити да ја активира откупната клаузула од 75 милиони евра.
Медиумите во Англија пресметаа дека со исплатените провизии и годишната плата на играчот, вкупните трошоци за петгодишниот договор ќе надминат 250 милиони евра.