Јирген Клоп ќе мора да го следи последниот домашен меч на Ливерпул од трибните, откако доби суспензија од Фудбалската асоцијација (ФА) за неговиот конфликт со судијата Пол Тирни на мечот со Тотенхем во април.
Клоп доби казна од два меча, од кои еден ќе го отслужи, а вториот ќе му биде условен доколку не го повтори престапот, како и казна од 75.000 фунти.
Германскиот менаџер го обвини судијата Пол Тирни дека кажал „нешто што не е океј“ откако доби жолт картон за прославата на победничкиот гол на Диого Жота во лице на четвртиот судија Џон Брукс.
Ова е вторпат оваа сезона Клоп да добие ваква суспензија, откако доби казна за црвениот картон на мечот против Манчестер сити на „Енфилд“, кога влезе во лице на линискиот судија Гери Бесвик.