Top Sport

Медведев лесно преку Ханфман за полуфинале во Рим

Данил Медведев ја продолжи невообичаената серија на Мастерсот во Рим, победувајќи го германскиот квалификант Јаник Ханфман со 6:2/6:2 за пласман во полуфиналето. Таму тој ќе се сретне со подобриот од мечот помеѓу Стефанос Циципас и Борна Чориќ.

Медведев не е познат како тенисер кој сака да игра на земја, и пред овогодишниот турнир немаше ниту една победа на „Форо Италико“ во Рим, за сега да влезе во своето второ АТП Мастерс 1000 полуфинале на земја оваа сезона.

Во првиот сет, Медведев ја искористи агресивната игра на Ханфман и, како и секогаш, беше најдобар во дефанзивната игра за да направи два брејка и да поведе со 6:2. Во првиот сет, Русинот имаше двојно повеќе директни победнички топки од Германецот, и иако Ханфман се обиде да се врати во вториот сет, на крајот загуби уште два брејка за победа за Медведев по час и 20 минути игра.

Scroll to Top