Top Sport

Клоп е цврсто на земја: Сите можат да слават титула, освен нас!

Ливерпул го победи Јунајтед со 2-0, но менаџерот на „црвените“ рече по мечот дека тие само на моменти играле фудбал. Клоп вели дека навивачите смеат да ја слават титулата пред време, но таа атмосфера не смее да се префрли врз играчите.

„Немам проблем со тоа, сите треба да ја слават оваа ситуација, освен ние. Ништо не се промени, ја имаме истата предност. Би рекол дека се чувствуваме поинаку, но не е така“ – изјави Клоп, пренесува „Скај спорт“.

Навивачите на Ливерпул на мечот против „црвените ѓаволи“ скандираа „Ќе је освоиме лигата“, а Клоп рече дека може тоа да го пејат, затоа што тоа го правеле и во минатото.

„И Солскјер ќе го рече истото. Сакаа да не изнервираат, да ни го одвратат вниманието, играат одбрана и тогаш во контранапад пробуваат да дојдат до гол. Имаа моменти кога играа фудбал, но не пречесто. Начинот на кој ние создававме шанси беше исклучителен“ – рече Клоп.

Тој додаде дека освојувањето на Премиерлигата е глвна цел сезонава.

„Прво и најважна е Премиерлигата. Играме повторно во четврток, и тоа за нас е следен предизвик. Немам доволно простор во главата да размислувам за било што друго“ вели стратегот на Ливерпул.

Следен предизвик за „црвените“ е Вулверхемптон.

Scroll to Top