Top Sport

По 28 порази во низа, Кемба Вокер го победи Леброн Џејмс

Лос Анџелес Лејкерс го запишаа најтешкиот пораз во досегашниот дел од сезоната. На гостувањето кај своите стари ривали, Бостон Селтикс „езерџиите“ загубија со дури 32 разлика, 139-107.

Освен големата победа против една од најдобрите екипи во НБА, овој триумф многу му значи на плејмејкерот на Бостон, Кемба Вокер. Вокер првпат по 28 порази, победи екипа која ја предводи Леброн Џејмс. Вокер дел од поразите ги доживеа и во дресот на Шарлот кој никогаш немал претерано добри играчи.

Од друга страна, Леброн е најдоминантниот НБА кошаркар на минатата декада, и во дресот на Лејкерски, но и претходно како дел од екипите на Мајами односно Кливленд. Кемба Вокер ноќеска одигра одличен меч, со 20 поени и 7 асистенции.

Од другата страна, Леброн заврши со 15 поени и 13 асистенции. На плејот на Селтикси му се закануваше најлошата низа без победа во меѓусебен скор со екипа, односно играч.

Вокер е професионалец од 2011, па 9 години чекаше на победа против Џејмс. Сепак рекордот засега ќе остане нечепнат.

Легендарниот Мајкл 30 пати по ред славеше против Шерман Даглас.

Scroll to Top