Top Sport

Надал на раката носи „ѕвер“ од 725.000 евра, тежок е 20 грама (фото)

Рафаел Надал успешно го започна годинешниот Австралија Опен, беше точен како „швајцарски часовник“ против боливискиот тенисер.

Врвните тенисери имаат спонзорства со најпознатите компании за производство на часовници, па Федерер го рекламира „Rolex“, Новак Ѓоковиќ е со „Seiko“ на раката, додека Рафаел Надал ја има марката „Richard Mille”.

Моделот кој Ѓоковиќ го носи чини 6.100 евра, но далеку поскап е моделот на часовник што го одбра Надал.

Еден примерок од часовникот кој на себе го носи шпанскиот тенисер чини неверојатни 725.000 евра.

Се работи за моделот „RM 27-03 Rafael Nadal” кој тежи само дваесетина грама, па не му смета на Надал при сервисот.

Овој часовник може да издржи удар од 10 килограми, а компанијата произвела само 50 примероци. Има на себе некои племенити метали, но и драги камења.

Шпанецот пред овој модел носеше други скапоцени часовници како моделот „RM27-02“ вреден 775.000 долари, а на Ролан Гарос во 2010 и 2013 година носеше на себе примероци вредни по 525.000, односно 690.000 долари.

Scroll to Top