Top Sport

Клоп е лут и разочаран

Ливерпул одигра уште еден лош натпревар и доживеа убедлив пораз. Во 22.коло, Вулверхемптон го порази Ливерпул со 3:0. Тимот на Јирген Клоп два гола прими во првите 12 минути, а потоа во 71.минута Невеше го постави конечниот резултат.

„Очаен почеток, примивме два гола по наша вина. Бевме казнети затоа што бевме пасивни и нема оправдување за тоа“, изјави по натпреварот менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германецот не крие дека не му се допаѓа односот на тимот:

„Не можам да ја објаснам нашата недоволна концентрација. По којзнае кој пат ни се случува ова. Само стоев на страна и гледав. Ваквите порази се случуваат кога ги заслужуваш. Жал ми е, но немам објаснување и нема зборови да ја објаснат нашата игра во првите 15 минути Лут сум и разочаран“, изјави Клоп.

Scroll to Top