Top Sport

Клоп е „мајстор“ за реклами – годишно заработува 7.5 милиони евра!

Јирген Клоп е познат како еден од најдобрите фудбалски тренери на планетата, докажувајќи се со Борусија Дортмунд и Ливерпул, но покрај тоа тој е мајстор на телевизиските реклами, откако само од спонзорски договори зарaботил 7.5 милиони евра минатата година, на што се надополнува и платата од 18 милиони евра годишно која ја зема од Ливерпул.

Неговиот советник, Марк Козике вели дека се одбиваат повеќе понуди отколку што се прифаќаат, а и покрај тоа тој е ексклузивно лице на автомобилскиот гигант Опел, на ВР-Банк, на Дојче Фермогенсбератунг (ДВ, најпознати како долгогодишни спонзори на Михаел Шумахер), на пивото Ердингер, на „Скај ТВ“, а најновиот договор е со „Сникерс“ за Европското првенство во фудбал следната година.

„Одлучивме дека Јирген стои за работи на кои пишува ‘Made in Germany’. Се обидуваме да осигураме дека тој промовира германски компании. Освен британскиот ‘Скај’, но тој е исто како да е германски бренд поради долгата историја на ТВ-преноси од Бундеслигата“, вели Козике.

Покрај овие постоечки договори, во минатото тој ги промовираше и Пума, Њу Баланс и Адидас. Клоп не е на социјалните мрежи, а откако стана тренер на Ливерпул во 2015, само еднаш се појавил како гостин на ТВ-шоу – на „Мандеј најт фудбал“ на Скај во септември 2016 година. Тој дури откажа присуство на шоуто на Греем Нортон на Би-Би-Си по освојувањето на титулата од ЛШ во 2019, а одбива можност да се снима документарен филм како тој на Манчестер сити и Тотенхем.

Scroll to Top