Top Sport

Клоп е првиот менаџер на Ливерпул со 50 европски победи

Ливерпул го совлада ЛАСК во Линц со 3:1, а менаџерот Јирген Клоп ја забележа 50. победа во европските купови. Германецот стана менаџер со најмногу европски победи во историјата на „црвените“.

Германскиот стручњак во европски натпревари на клупата на Ливерпул дебитираше во Лига Европа во сезоната 2015/16. Тогаш Ливерпул беше поразен во финалето од Севилја со 3:1 и тоа беше последен меч на црвените пред овој во Лига Европа. После тоа, „црвените“ на Клоп играа само во Лигата на шампионите, во која тој го предводеше својот тим до дури 40 победи.

Scroll to Top