Top Sport

Шарапова се враќа

Некогаш најдобрата тенисерка на светот Марија Шарапова има намера да ја прекине пензијата и да се врати на терените. Русинката ја прекина кариерата пред повеќе од три години, во меѓувреме стана мајка, а сега повторно почна да тренира.

Оваа година две тенисерки успешно се вратија откако станаа мајки. Една од нив е Елина Светолина, која никогаш не ја прекина кариерата. Таа само паузираше поради мајчинството и се врати на турнирите веднаш штом беше доволно подготвена.

Сепак, враќањето на Вознијацки може да послужи како инспирација за Шарапова. И таа официјално се повлече од терените. Каролина нема играно од зимата 2021 година, а Марија се пензионираше на почетокот на 2020 година, непосредно пред пандемијата на коронавирусот.

Во меѓувреме, 33. годишната Вознијацки роди две деца, летово се врати на теренот и успеа да стигне до осминафиналето на Ју-ес опен.

Шарапова има 36 години, еден месец е постара од Новак Ѓоковиќ, а нејзината најголема ривалка Серена Вилијамс беше на истата возраст кога се врати по породувањето. Таа не освои ниту еден Грен слем, но одигра неколку големи финалиња.

Scroll to Top