Top Sport

Лејкерси поразени во Чикаго

Чикаго Булс забележаа победа во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс 115:110, Финикс Санс го декларсираа Шарлот 137:106 и ја презедоа првата позиција во лигата, а Далас Маверикс запишаа пораз од Минесота 111:105.

Лејкерси продолжија до лошите игри. Без тренерот Франк Фогел и Ентони Дејвис, забележаа нов пораз.

Чикаго предводени од Демар Дерозан (38 поени) и Никола Вучевиќ (19 поени, 13 скока) славеа победа и ја презедоа втората позиција на Истокот. Лејкерси го забележаа 15.пораз во 31.натпревар од почетокот на сезоната.

Леброн Џејмс забележа 31 поен и 14 скокови, Кармело Ентони постигна 21 поен, а расел Вестбрук имаше 20 поени, девет скока и осум асистенции.

Далас без повредениот Лука Дончиќ, немаше одговор за Карл-ентони Таунс, кој со 24 поени беше најефикасен кај Минесота во победата 111:105. Тим Хардавеј јуниор се истакна кај Далас со 28 поени.

Резултати: Детроит-Мајами 100:90, Сакраменто-Сан Антонио 121:114, Мемфис-Портланд 100:105.

Scroll to Top