Top Sport

Федерер со одговор на критиките од Грета Тунберг

Тениската легенда, Роџер Федерер со внимателно избрани зборови одговори на критиките на еколошките активисти, предводени од тинејџерката Грета Тунберг околу неговиот богат спонзорски договор со банката „Кредит Свис“.

Во вторникот почна судењето на швајцарските еколошки активисти кои одбија да платат казна за играње тенис во експозитурите на „Кредит Свис“ во ноември 2018, во активност која требаше да го критикува Федерер и неговото партнерство со банката, која ја обвинуваат за инвестирање во индустријата на осилни горива.

Тунберг, 17-годишната шведска активистка, преку социјалните мрежи му порача на Федерер да „се разбуди“. Федерер, кој во Мелбурн се подготвува за Австралија опен, одговори преку соопштение.

„Предизвиците и заканите од климатските промени секогаш сум ги сфаќал многу сериозно, посебно сега кога јас и моето семејство пристигнуваме во Австралија по ужасите со пожарите. Како татко на четири мали деца и поддржувач на универзалната едукација за сите, имам голема почит кон младинските климатски активисти и благодарен сум што не туркаат сите да го испитаме нашето однесување. Мораме да ги слушаме. Посветен сум да ја искористам мојата привилегирана позиција со моите спонзори да отвориме дијалог“, се вели во соопштението на Федерер.

Федерер ќе биде првата ѕвезда на егзибицискиот турнир на арената „Род Лејвер“ во среда, покрај Рафаел Надал, Серена Вилијамс, Ник Кирјос, Стефанос Циципас, Наоми Осака и Каролине Вознијацки.

Грета Тунберг „удри“ по Роџер Федерер!

Scroll to Top