Top Sport

Клоп ги разочара фановите на Ливерпул

Јирген Клоп бил подготвен да го одработи договорот со Ливерпул, а потоа да седне на клупата на репрезентацијата на Германија.

Договорот на тренерот под чија палка „црвените“ доживеаја фудбалска ренесанса истекува во јуни 2024 година. Тој немал намера да потпише нов или да го продолжи актуелниот договор, планот му бил да замине од „Енфилд“.

Клоп имал намера да стане селектор на Германија, а доколку му се поклопат коцките тоа би се случило по Европското првенство во 2024 година.

Ливерпул со Клоп на чело минатата сезона ја освои титулата во Лигата на шампионите, а оваа сезона се на пат по 30 години да ја освојат титулата во Англија.

Scroll to Top