Top Sport

Вест Хем се заинтересирани за Брејтвајт

Данскиот репрезентативец Мартин Брејтвајт по само неколку месеци ќе ја напушти Барселона. Данецот на „Ноу Камп“ пристигна во февруари, во контроверзен трансфер од Леганес, по завршувањето на преодниот рок за сума од 18 милиони евра.

Барселона доби дозвола да го реализира трансферот поради повредата на Усман Дембеле кој ја заврши сезоната.

Според британските медуми Брејтвајт од наредната сезона би можел да го облече дресот на Вест Хем.

„Чеканите“ би ја платиле сумата која Барселона ја издвои за напаѓачот. До привремениот прекин на сезоната Брејтвајт одигра три натпревари за барселона.

Тој има договор до јуни 2024 година и откупна клаузула од 300 милиони евра, но медиумите шпекулираат дека тој ќе биде вишок во клубот кога по повредите ќе се вратат Дембеле и Луис Суарез.

Scroll to Top