Top Sport

Клоп го контактирал менаџерот на Брозовиќ

Ливерпул и Јирген Клоп покажале сериозен интерес за Марсело Брозовиќ. Според англиските медиуми тие оствариле контакт со менаџерот на фудбалерот на Интер за да се информираат што е потребно за да го реализираат трансферот.

Марсело Брозовиќ (27) пред четири години од Динамо Загреб се пресели во Интер, неговиот договор истекува на 30 јуни 2022 година. Неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра. Челниците на Интер веќе неколку месеци се обидуваат да го наговорат да потпише нов договор во која нема да има клаузула за откуп. Исто така клубот му нуди зголемување на платата од 3,5 милиони евра, на шест милиони евра на годишно ниво.

Доколку се случи Ливерпул да го реализира трансферот тога Брозовиќ ќе стане најскапиот хрватски фудбалер на сите времиња.

„Во овој момент Брозовиќ е интересен играч за многу клубови. На Антонио Конте му е јасно колку тој му значи на тимот поради што Интер ќе се обиде да го задржи по секоја цена“, пишува „Либеро“.

Неодамна „Ла Република“ објави дека и Реал Мадрид ќе се вклучи во трката за потписот на Брозовиќ.

Scroll to Top