Top Sport

Македонија и Косово ќе играат наредната година?

Претседателот на КОНКАКАФ зоната и потпретседателот на ФИФА, Виктор Монтаљани смета дека до крајот на годината не би требало да се играат репрезентативни натпревари. Според него предност треба да добијат клупските натпреварувања.

Доколку оваа идеја на Монтаљани помине тоа значи дека плеј-оф мечевите во Лигата на нации за пласман на Европското првенство ќе се играат најверојатно во март 2021 година. Еден од дуелите во плеј-офот е оној помеѓу Македонија и Косово.

Првично натпреварот требаше да се одигра на 26 март, но поради коронавирусот беше одложен за 4 јуни. Подоцна УЕФА го одложи и тој термин без да определи нов. Поради тоа се шпекулира околу новиот термин.

„Не е време за репрезентативни натпревари, ризикот е голем, проблем претставуваат патувањата од една во друга земја. Предност треба да добијат националните првенства. Сметам дека е најдобро репрезентативните натпревари да бидат откажани до 2021 година, а потоа да се најдат термини за одигрување“, рекол Монтаљани.

Scroll to Top