Јирген Клоп, менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, блескал од среќа на прес-конференцијата по драматичната победа над Тотенхем (2:1). Ливерпул го победија Тотенхем со 2:1, со голот на Фирмино со 90.минута.
„Одигравме одличен меч против „цудовиштата за контра-напад“. Го имавме поседот и одлично го искористивме. Да, тие постигнаа гол, имаа и две големи шанси, но ние го контролиравме натпреварот и на крајот освоивме важни бодови“, реко Клоп, а потоа го коментирал голот на Сон.
„Според мене Тотенхем израмнија со гол од офсајд. Знам дека го гледаа тој момент 20 пати, го гледав и јас и мислам дека беше офсајд“.
По овој натпревар Ливерпул имаат 28 поени на првото место, три повеќе од Тотенхем и четири од Саутемптон.