Јирген Клоп вели дека бил горд на фудбалерите на Ливерпул, кои спонтано решиле со клекнување да дадат поддршка на движењето „Black Lives Matter“ по протестите во САД по убиството на Џорџ Флојд.
Германецот вели дека фудбалерите сами дошле на идејата да ги поддржат протестите во понеделникот и додаде дека е горд на тоа што во неговиот тим нема проблеми со расизмот.
„За нас, тоа беше нормално, бидејќи во нашиот тим имаме фудбалери од Африка, од Англија, од секаде со најразлично потекло. Природно беше да пратиме порака, но момците беа фантастични со својата иницијатива. Долго време сум горд на моите фудбалери, но ова беше навистина посебен момент. Кога ги видов таму со фотографијата бев навистина горд, бидејќи пораката беше важна“, вели Клоп во интервју со германскиот „Скај спорт“.
The entire squad knelt in Anfield’s centre circle ahead of today’s training session in a powerful show of support for the #BlackLivesMatter movement.
Unity is strength: https://t.co/2BN18U4jIY pic.twitter.com/oVE5RgNMmh
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) June 1, 2020