Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја споредил титулата во Премиер лигата со Светиот грал. Клубот од „Енфилд“ последен пат бил шампион на Англија во 1990 година, а интересно Ливерпул нема титулата од формирањето на Премиер лигата.
Ливерпул и Манчестер сити до крајот на сезоната ќе одат голема борба за титулата. Во овој момент Ливерпул има два бода повеќе и натпревар повеќе од Сити.
Сити имаат можност да се вратат на челната позиција во среда, кога во градското дерби ќе му гостуваат на Манчестер Јунајтед.
„Не можеме да влијаеме на резултатите на другите тимови. Така стојат работите. Кога ние игравме против Јунајтед тој тим беше во многу подобра форма. Нашиот следен натпревар е против Хадерсфилд и таа за нас е најважна“, рекол Клоп и дополнил.
„Ако не ви е доволна мотивација да дојдете до Светиот грал, тогаш нешто не е во ред со вас. Сакаме да победуваме и да уживаме во тоа и ние и нашите навивачи“, рекол Германецот.