Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане може да биде во аут до шест недели по повредата на бутниот мускул добиена во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година.
25-годишниот Мане беше заменет во 89. минута од натпреварот на неговиот Сенегал против Зеленортските Острови, кој Сенегал до гоби со 2:0.
Доколку се потврди оваа повреда, Мане ќе ги пропушти натпреварите против Манчестер јунајтед и Тотенхем, како и двата дуели од Лигата на шампионите против Марибор. Мане има три гола во пет настапи во Премиерлигата оваа сезона.