Top Sport

Клоп: Ливерпул не може да троши како „државните“ ПСЖ и Сити

Јирген Клоп вети дека никогаш нема да троши пари во рангот на рекордните 222 милиони евра платени за Нејмар од Пари Сен-Жермен, иако признава дека цените се „луди“ на фудбалскиот пазар.

Клоп само што заврши со трошење на пари со јануарското доаѓање на Виргил ван Дајк и скапите трансфери на Наби Кеита, Фабињо, Алисон и Џердан Шаќири, иако претходно велеше дека кога „така ќе се води фудбалот“ тој ќе биде надвор од него.

Германецот претходно ги „изеде“ своите зборови, но сега ветува дека Ливерпул не може да биде на пазарот на фудбалери од 200 милиони евра и дека не може да се натпреварува со клубовите во посед на блискоисточните држави – ПСЖ (Катар) и Манчестер сити (Абу Даби).

„Нема шанси, нема шанси, нема шанси за такви трансфери. Ние не сме во државна сопственост како тие два клуба и имаме граници. Имаме конзервативно лидерство на клубот. Тоа што сега е 500 милиони евра, пред неколку години беше 100 милиони евра. Се стресов кога ПСЖ дадоа 222 милиони евра. Тогаш имав такво мислење, но работите се сменија. Нејмар отиде во Париз, Филипе Кутињо и Усман Дембеле во Барселона и пазарот се отвори. Мо Салах, Садио Мане или Роберто Фирмино, кои ги купивме 30 или 40 милиони, сега имаат поинаква вредност“, вели Клоп во интервју за германскиот „Кикер“.

Клоп го смени мислењето, сега Погба вреди 100 милиони

Scroll to Top