Top Sport

Клоп: Ливерпул заслужи да го елиминира Интер

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека и покрај поразот на „Енфилд“ неговиот тим заслужено се пласирал во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Ливерпул загуби од Интер со 0:1 на домашен терен, но благодарение на триумфот со 2:0 на првиот меч во Италија, го продолжува настапот во елитното европско клупско натпреварување.

„Уметноста на фудбалот е да губиш вистински натпревари. Го мразам тоа, но ако има еден натпревар каде што можеме да си дозволиме да загубиме, тоа е овој, бидејќи главната цел на ова натпреварувањето е да продолжиме понатаму. Не е дека јас сум воодушевен, но среќен сум што се пласиравме понатаму и мислам дека го заслуживме тоа“, изјави Клоп.

Ливерпул доживеа пораз по речиси една година на „Енфилд“, по серија од 28 натпревари, од кои 21 победа.

Scroll to Top