Top Sport

Клоп најави одмор од фудбалот

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, денес најавил дека ќе замине на едно годишен одмор откако ќе му истече договорот со клубот од „Енфилд“.

Германецот во Ливерпул пристигна во 2015 година, а неговиот договор истекува во јуни 2022 година.

Минатата сезона го предводеше Ливерпул до титулата во Лигата на шампионите, а во првенствената трка во фото-финишот ја загуби од Манчестер сити.

„Имам енергија, но имам и еден проблем – не можам малку да работам. Секогаш кај мене е се или ништо. Кога ќе решам дека повеќе не можам ќе направам пауза од една година. Големи се шансите по таа пауза да имам енергија повоторно да работам онака како што сакам јас“, рекол Клоп.

На почетокот од новата сезона Ливерпул се единствените во Премиер лигата со три победи.

Scroll to Top