Top Sport

Клоп: Најдете ни добар термин или нема да играме

Откако изборија пласман во четврт-финалето во Лига купот, менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, рекол дека челниците на ова натпреварување ќе мора на неговиот тим да му обезбедат нов, нормален термин.

Доколку Ливерпул не добиеле нормален термин ќе се откажеле од настапот во четврт-финалето се заканил Клоп.

Четврт-финалните натпревари во Лига купот на програмата се на 17 и 18 декември, а Ливерпул во тој термин ќе бидат на Светското првенство за клубови.

„ФИФА вели дека мора да одиме на Светското првенство, Премиер лигата велат дека мораме да го играме Лига купот, тоа веќе е проблем. Гајле мие ако е така. Доколку не ни најдат нормален термин, не термин 3 часот попладне за Божик, тогаш нема да го играме Лига купот. Мора да најдат решение. Однапред го имаат календарот знаеја дека ќе играме во Катар, на време требаа да мислат“, рекол Клоп .

Ливерпул во осмина-финалето во луд натпревар го елиминираа Арсенал по изведувањето на пенали, откако во 90 минути мечот заврши 5:5.

Scroll to Top