Top Sport

Ултимат фајт или кошарка?Се степаа Ембид и Таунс (Видео)

Натпреварот помеѓу Филаделфија и Минесота Тимбервулвс ја обележа тепачката помеѓу центрите на двата тима Џоел Ембид и Карл-Ентони Таунс.

Константната борба и меѓусебното провоцирање од самиот почеток на мечот се претвори во тепачка во третата четвртина при резултат 75:55 за Филалделфија.

Додека нападот се одвивал на спротивната страна Ембид и Таунс влегле во дуел, а потоа завршиле на паркетот.

По мечот Камерунецот Ембид напишал: „Сум растел со лавови, а ме нападна мачка“, а во постот напишал нешто интересно: „Ја видов  неговата мајка како миго покажува средниот прст“.

Брзата реакција на играчите и луѓето од клупите на двата тима спречила уште поголем инцидент. Ембид потоа како некој боксер ја прославил „победата“.

Двајцата биле исклучени, а лигата наредните денови ќе реши дали ќе им додели дополнителни казни.

Scroll to Top