Top Sport

Како изгледа рекордно менување на гуми за 1.82 секунди (видео)

Победата на Макс Ферстапен на Бразилското ГП во неделата беше за сеќавање, откако возачот на Ред бул успеа двапати да го помине светскиот шампион Луис Хамилтон, но еден негов рекорд остана незабележан. Односно, поточно на неговите механичари.

Тие успеаја да го срушат светскиот рекорд за менување на четирите пневматици, за само 1.82 секунди. Влегувањето во боксот, покрај брзината имаше и клучно значење за стратегијата, во обидот да се излезе пред Хамилтон, кој веќе имаше влезено во боксот.

За жал, на овој подвиг му следуваше блокирањето на Холанѓанецот од страна на Роберт Кубица во Вилијамс, кој излезе пред него, и го примора да успори. Кубица доби казна, а Ферстапен потоа мораше да го помине Хамилтон на патеката.

Scroll to Top