Top Sport

Монтела ќе ја предводи Турција до 2026 година

Винченцо Монтела е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Турција. Монтела дојде на местото на Штефан Кунц. Германецот доби отказ по нерешениот резултат со Ерменија во квалификациите за пласман на ЕП и поразот од Јапонија во пријателски натпревар, но и поради изјавата кога ги обвини играчите за лошите резултати.

Винченцо Монтела ќе се обиде да ја подобри ситуацијата во турската репрезентација. Италијанецот потпипа тригодишен договор, што значи дека прво ќе се обиде да ја однесе Турција на ЕП, во конкуренција на Хрватска и Ерменија, а потоа ќе ја предводи репрезентацијата и во квалификациите за пласман на Сп во 2026 година.

Монтела ќе донесе неколку соработници, со кои соработуваше две години во Адана, каде што го забележаа челниците на ФС на Турција.

Пред Адана, поранешниот напаѓач на Емполи, Џенова, Сампдорија и Рома во два мандата ја предводеше Фиорентина, а беше тренер и на Сампдорија, Милан и Севилја.

Scroll to Top