Top Sport

Клоп не е задоволен од Салах, ќе купува нов напаѓач во јануари

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да го засили тимот со уште еден крилен напаѓач во зимскиот преоден рок. Ѕвездата на тимот Мохамед Салах игра слабо од почетокот на сезоната, што се одразува и на резултатите на тимот. Токму затоа Клоп сака да ја зголеми кнкуренцијата.

Германскиот стратег е насочен кон Џереми Доку од Рен, пишуваат медиумите во Англија. 20-годишниот белгиски интернационалец важи за еден од најголемите таленти во Европа. Тој има еден гол во шест натпревари во Лига 1 од почетокот на сезоната.

Се очекува „црвените“ да се обидат да го ангажираат младиот играч во јануари. Неговата цена е околу 50 милиони евра.

Scroll to Top