Top Sport

Клоп не можеше да присуствува на погребот на својата мајка

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не можеше да отпатува дома во Германија за да присиствува на погребот на неговата мајка, 81-годишната Елизабет поради тоа што германските власти не дозволуваат пристигнувања од Велика Британија поради КОВИД-19.

„Таа ми значеше се на светот. Беше вистинска мајка во најдобрата смисла на зборот. Како верен христијанин знам дека сега е на подобро место. Тоа што не можам да одам на погребот е поради овие ужасни времиња. Кога ќе дозволат условите ќе направиме комеморација за неа“, изјави Клоп за „Шварцвалдер боте“.

Клоп веќе го загуби својот татко Норберг во 2000 на 66 години, неколку месеци откако Јирген ја доби првата менаџерска работа во Мајнц.

Scroll to Top