Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим се помирил со поразот од Тотенхем во седмото коло од Премиер лигата. Натпреварот го обележаа грешките на судиите на теренот и оние во ВАР собата.
Регуларниот гол на Луис Дијаз во 34. минута беше поништен поради наводен офсајд, а Тотенхем потоа победи со 2:1. Целиот проблем се случи кога судиите на ВАР им кажаа на оние на теренот дека прегледот на одлуката е завршена и дека истата е потврдена, мислејќи дека одлуката на теренот е дека голот е регуларен.
Јирген Клоп изминатите денови постојано повторуваше дека неговиот тим е оштетен и дека натпреварот треба повторно да се одигра, но по победата над Унион Сен Жилоа во второто коло од групната фаза на Лига Европа, даде поинаква изјава.
„Добро се претставивме и знаевме дека ќе биде предизвик. Кога зборував за Тотенхем, повторно се уверив во тоа како функционира светот. Сите слушнавте, но многумина погрешно протолкуваа дека уште размислуваме за Тотенхем. Тоа не е точно, тоа е веќе „застарен случај“ – не се повикувам на спорни детали“, изјави Клоп и додаде:
„Се помиривме со исходот, видовте дека Диого сврте нов лист. И Џоел Матип (кој си постигна автогол против Тотенхем) можеше да игра, ја надмина и лошата среќа. Ние не сме деца или нешто слично, имавме само неколку прашања на кои ни требаше одговор“.