Top Sport

Клоп: Некој да ми објасни зошто е поништен голот на Хендерсон

Евертон и Ливерпул во натпревар пол со возбудувања одиграа 2:2. Актуелните шампиони два пати водеа, а Евертон два пати се враќаше во натпреварот. Ливерпул постигнаа гол во 93 минута кој ВАР го поништи.

Токму тој момент од 93 минута кога му беше поништен голот на Хендерсон го натера менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп пред новинарите да го искаже незадоволството од судењето.

„Единствената спорна ситуација која ја видов во соблекувалната пред да дојдам овде беше поништениот гол на Хендерсон за победа. Ситуацијата која јас ја видов не е офсајд“, рекол Клоп.

„Можеби некој ќе ми објасни што се случи во таа ситуација, но јас тука не видов офсајд. Беше офсајд само поради тоа што некој реши да биде офсајд“.

Scroll to Top