Јирген Клоп, нормално беше разочаран од третиот пораз на Ливерпул во четири меча, откако Челси лесно со 2:0 ги елиминираше од ФА купот, и дури нервозно реагираше на спомнувањето на претходниот пораз, тој од 3:0 од Вотфорд во Премиер лигата.
„Навистина би сакал да престанете да го споменувате поразот од Вотфорд. Но, овојпат заслуживме да победиме бидејќи тие дадоа два гола по наши големи грешки. Момците реагираа добро, но Челси успешно се бранеше. Знаеме дека мораме да играме подобро, но не се работи за судбина, ниту за проблеми во нашата игра, само мораме да реагираме како што треба. Ова не беа нашите најдобри три недели оваа сезона, но имаме шанса да ги направиме следните три недели најдобри и тоа е планот. Не сме заинтересирани за Атлетико Мадрид сега, туку мислиме на Бурнемаут, кои се борат за опстанок. Никој не треба да не жали, ќе победуваме и тоа веќе во сабота“, изјави Клоп за „Би-би-си“ по крајот на мечот.
Се „заредија“ поразите на Ливерпул – Челси ги елиминираше од ФА купот (видео)