Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека безбедноста и здравјето на фудбалерите е на прво место и дека никој нема да биде приморан да тренира доколку не сака.
„Црвените“ се вратија на тренинзи во средата во центарот во Мелвуд, во мали групи и со Клоп со маска како координатор.
„Се работи за избор на фудбалерите и тоа е јасно. Пред тренинг-сесијата им кажав дека се тука со слободна волја. Обично кога имате договор мора да ме слушате, но сега ако не се чувствувате безбедно, не мора да тренирате. Нема ограничувања, нема казни, нема такви работи. Момците се добро и никогаш не би го ставиле нивното здравје намерно под закана. Да, го сакаме фудбалот, но не е поважен од нашите животи“, вели Клоп за „Скај спорт“.
Сепак, тој признава дека целосно уживал во тренингот.
„Беше брилијантно, навистина уживав. Времето беше одлично, а момците добро расположени. СЕ чувствував малку како полицаец во униформата“, додава Клоп.
Day one of small group training: Done ✅?
View the full Melwood gallery ⤵️
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) May 20, 2020
Great to see the lads back at Melwood, with social distancing in play ??
The full gallery from session one ⤵️
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) May 20, 2020