Нервозата на Јирген Клоп и очигледната нетрпеливост кон новинарите повторно се покажа по вчерашниот 4:1 пораз на Ливерпул од Манчестер сити, кога на еден израелски новинар му порача „подобро да се подготви“ за својата работа.
Кога од страна на новинарот на израелската Спорт 1, Нив Доврат, беше запрашан за разликата од 10 поени помеѓу Сити и Ливерпул (со натпревар помалку за Сити), Клоп збувна.
„Мислам дека навистина треба да се подготвиш подобро за својата работа. Како можеш да го прашаш тоа? Тие бегаат 13 поени, од тоа што го знам, и сите овие прашања за тоа како ние да станеме шампиони. Дали мислиш дека тоа е прикладно во моментов? Имаш само две прашања и го трошиш едното на тоа. Твоја грешка, имаше две прашања“, одговори Клоп.
Тој потоа инсистираше дека Доврат ги искористил своите две прашања. Доврат беше изненаден од реакцијата.
„Сум го интервјуирал менаџерот на Ливерпул десетина пати последните неколку години. Вчера, бев изложен на поинаков и необичен одговор. Мислам дека стилот, однесувањето и тонот на прашањето беа прикладни. Менаџерот не мислеше така“, напиша Доврат на Твитер.
Is there really any fucking need for this?? The reporter asks a reasonable question and is hammered by Klopp who also decides the gap is 13 points not 10. Even though it actually is 10 like the reporter said. Embarrassing.
— Jay Motty (@JayMotty) February 8, 2021
ראיינתי את מנג'ר ליברפול עשרות פעמים לאורך השנים האחרונות. אמש, נחשפתי לתגובה שונה ויוצאת דופן.
במבט לאחור, חושב שסגנון, אופן וטון השאלה היו ראויים. המנג'ר חלק על דעתי ולהלן תשובתו: https://t.co/iofrWTH3BJ— Niv Dovrat (@nivdovrat) February 8, 2021