Јирген Клоп вели дека не е заинтересиран да добие статуа пред „Енфилд“ и покрај тоа што ги предводеше Ливерпул до првата лигашка титула по 30 години пауза.
Германецот дојде на Мерсисајд во октомври 2015 година со големи надежи на армијата фанови на „црвените“ и лани го донесе првиот голем трофеј од Лигата на шампионите, пред оваа сезона тимот целосно да доминира во Премиер лигата. Но, 53-годишниот Германец вели дека нема желба да биде овековечен со статуа.
„Сакам да живеам уште 30-40 години, така што не сум заинтересиран за статуа, сигурно не додека сум жив. Јас сум менаџер на овој тим и ја освоивме титулата, така што сфаќам зошто луѓето сметаат дека тоа е позитивно, но не можете да ме споредувате со иконите на овој клуб како Боб Пејзли или Бил Шенкли. Добро е што историјата веќе не е товар, туку е прекрасна позадина за тоа што го правиме. Кога дојдов морав да кажам да не не споредуваат со никого и останувам на тоа“, вели Клоп.