Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека богатите премиерлигаши мораат да помогнат финансиски на помалите англиски клубови кои страдаат финансиски поради пандемијата на корона вирусот.
Премиер лигата веќе преговара со Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) за инјектирање на 250 милиони фунти во пониските лиги, откако беше потврдено дека забраната на влез на гледачи на стадионите може да потрае уште шест месеци. Клоп вели дека богатите клубови имаат обврска да помогнат.
„Во основа, секогаш луѓето во подобра положба треба да помогнат на тие кои немаат толку среќа. Не ја сфаќам целосно структурата во Англија – во Германија ја имате Бундеслигата и втората Бундеслига, така што тие ги делат проблемите заедно. Затоа целосно се согласувам да се помогне на малите клубови“, вели Клоп.
Претходно и менаџерот на Челси, Френк Лампард кажа слична изјава, откако Челси ги плати тестовите на корона вирусот на Барнсли, противникот во Англискиот лига куп.
„Важно е да се поддржат Англиската фудбалска лига, ниските лиги, дефинитивно. Тоа е основа на целиот фудбал во Англија. Сум бил тренер во Чемпионшип и сфаќам со какви проблеми се соочуваат клубовите“, изјави Лампард.