Top Sport

Клоп против судијата Тирни: Не е во ред да ми кажува такви работи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека „не е во ред“ што судијата Пол Тирни му кажал некои работи при трилер-победата од 4:3 против Тотенхем.

Германецот ја загуби контролата кога Диого Жота го постигна победничкиот гол во 94. минута, само 99 секунди по израмнувачкиот гол на Ришарлисон, по што почна да трча кон четвртиот судија и го истегна бутниот мускул, за што доби и жолт картон. Тој признава дека прославата била „непотребна“, но додава дека Тирни исто така нема право да коментира за одредени работи.

„Како може да досудат фаул од Мохамед Салах пред нивниот гол? Имаме историја со Тирни, навистина не знам што има против нас, вели дека нема никакви проблеми, но тоа не може да е точно. Не сфаќам зошто ме гледа така. Во Англија никој не ги објаснува овие работи и е тешко да се разбере. Мојата прослава беше непотребна, тоа ее фер, но тоа што ми го кажа кога ми го даде жолтиот картон и тоа не е океј“, вели Клоп.

Scroll to Top