Премиерлигашките гиганти, Ливерпул и Челси поделија по еден бод во денешното дерби на „Енфилд Роуд“.
Иако „сините“ од Лондон први поведоа (Хаверц), во 45 минута Риз Џејмс заработи директен црвен картон, па Тухел и неговите избраници беа -1 цело второ полувреме.
Тренерот, пак, на „црвените“ Јирген Клоп е задоволен од претставата на неговите избраници кои „притиснаа“ во второто полувреме, но промена на резултатот немаше.
„Нашиот пресинг беше едноставно совршен во текот на првото полувреме. Челси е тим кој е опасен во сите ситуации, тоа го покажаа кога постигнаа гол. Мислам дека лесно ќе се согласиме дека требаше подобро да ја одбраниме таа ситуација. Се беше навистина за вистинско уживање. Се, освен резултатот. Видов две многу добри екипи, првото полувреме беше совршено, а второто беше всушност многу добро, јасно е дека е многу тешко да се игра против девет луѓе во одбраната и да се создаваат шанси. Можевме и подобро, но се уште сме во раната фаза на првенството. Сигурно моравме да извлечеме повеќе од предноста што ја имавме, но имаме повеќе бодови отколку пред натпреварот и одиме понатаму“ сумираше Јирген Клоп.