Top Sport

Русите го продолжија договорот со Черчесов

Селекторот на Русија, Станислав Черчесов, го продолжи договорот со националната Федерација, откако со репрезентацијата забележа добар резултат на Светското првенство.

Черчесов и во наредните две години ќе биде селектор на Русија, а постои опција во договорот соработката да биде продолжена на уште две години.

„Станислав Черчесов и неговата екипа ка оправдаа довербата. На нашата репрезентација и предвидуваме успеси и добри резултати во иднина“, рекол вршителот на должноста претседател на Фудбалската федерација на Русија, Александар Алаев.

Русија, на првенството на кое беше во улога на домаќин, ги надмина сите прогнози, како најслабо рангирана од сите репрезентации учеснички успеа да стигне до четврт-финалето, каде на пенали беше елиминирана од Хрватска.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес во Кремљ, ќе организира прием за репрезентативците и стручниот штаб.

Scroll to Top