Top Sport

Венгер: Не сум го одбил Реал Мадрид

Францускиот тренер Арсен Венгер, во разговор со шпански новинари, истакнал дека не можел да го одбие Реал Мадрид, бидејќи не бил во преговори со „кралскиот клуб“.

Медиумите, од моментот кога Хулен Лопетеги доби отказ лицитираат кој би можел да седне на клупата на Реал. Откако Лопетеги доби отказ, клубот како привремено решение го назначи Сантијаго Солари кој забележа три победи со гол разлика 11:0 во првите три средби.

Меѓу потенцијалните кандидати за нов тренер на Реал наводно е и Венгер, меѓутоа поранешниот тренер на Арсенал, демантирал дека преговарал со „кралскиот клуб“.

„Се уште не сум одлучил што ќе правам со мојата кариера. Да бидам искрен од Реал не ме побараа, што значи дека не сум можел да ги одбијам“, рекол Венгер и дополнил.

„Кога ќе се соочам со проблем, секогаш се обидувам да најдам решение. Во овој момент се е во ред. Во јануари ќе решам што да правам“.

Венгер е без работа од крајот на сезоната, кога по 22 години го напушти Арсенал.

Scroll to Top